НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ алармираат за етничко исклучување во тајните служби

0
By Marija Todorovska on February 19, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Со длабока загриженост и целосна одговорност за стабилноста на државата и регионалната безбедност, јавно го осудуваме невиденото етничко исклучување што се случува во безбедносните и разузнавачките структури во Северна Македонија“, велат од ДУИ.

Од ДУИ велат дека за првпат од 2001 година, ниту една раководна позиција — директор, заменик-директор или помошник-директор — во трите клучни безбедносни агенции во државата, вклучително Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Военото разузнавање, не е во рацете на Албанците.

Ова масовно исклучување не е само чин на дискриминација против заедница што претставува столб на внатрешната и евроатлантската стабилност на државата, се вели во нивното соопштение.

Тие сметаат дека ова е намерно, добро осмислено исклучување, чија цел не е само маргинализацијата, туку оживување на опасна менталност која со децении ја перцепираше албанската популација како „внатрешен непријател“.

Веродостојните информации што зборуваат за масовно вработување на десетици, ако не и стотици, неалбанци на клучни позиции во тајните служби се доказ дека ова не е обичен административен процес, туку стратегија за претворање на безбедносните агенции во инструменти за политичка и етничка контрола, со што темелно се поткопуваат принципите на еднаквост и правична застапеност.

ДУИ упатуваат итен повик до НАТО, Европската Унија и сите меѓународни фактори кои ги познаваат безбедносните динамики на Балканот, да интервенираат веднаш и да не дозволат ова чистење да помине во тишина.

Систематското исклучување на Албанците од безбедносните структури не е само удар врз една одредена заедница — тоа е директна закана за стабилноста, меѓуетничката кохезија и евроатлантската ориентација на Северна Македонија, стои во соопштението.

Сметаат дека последиците од овој неодговорен пристап може да бидат драматични и постепено да го вратат длабокото недоверие меѓу Албанците и државата, а особено кон безбедносните структури.

Ова е предупредување што не може да се игнорира.  Време е за мудра и брза акција, за да се спречи враќањето на практиките од минатото кои произведоа само поделби, несигурност и дестабилизација, апелираат од ДУИ.

ДУИ етничко исклучување тајни служби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.