Секоја новостекната вештина или знаење е можност за напредок во кариерата, за поголем професионален успех, но и услов да се опстане и да се успее во современиот свет, во кој што секојдневно се развиваат и унапредуваат техниката, технологијата и научните знаења.
Учењето и усовршувањето е процес кој се одвива во текот на целиот живот. Активното управување со кариерата подразбира да се биде во тек со најновите случувања во својата струка, но без дополнителна едукација, денес никој не може да биде професионалец.
Нова Консалтинг и Едукација е компанија која врши консултантски активности, едукација на човекови ресурси, изработува тренинг, обуки, семинари и работилници, соработува со повеќе компании од Македонија како и со други странски организации.
Целта на компанијата е да воспостави нови стандарди во процесот на едукацијата и унапредувањето на знаењата и вештините на човековите ресурси, а нејзината мисија е да биде водечка компанија во таа област.
Бидете учесник на најпосетуваната обука во Македонија во организација на Центарот за обука: Нова консалтинг и едукација. Досега 2000 задоволни учесници, 20 годишно искуство во едукација на вработени во финансовиот сектор, современо опремени простории, тестови, проекти, прирачници, софтвер.
ОБУКА – ПРАКТИЧНИ ВЕШТИНИ ВО СОЗДАВАЊЕ НА ОБЈЕКТИВНИ ФИНАСИСКИ ИЗВЕШТАИ (СМЕТКОВОДСТВОТО, ДАНОЦИ И КОНТРОЛА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ)
НАЧИН НА РАБОТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЕДУКАЦИЈА
Обуката е поделена во два модула:
Модул 1 – Практично запознавање со законите за ДДВ, ДД и ПДД
Модул 2 – Изработка на финансиски извештаи за две пилот компании:
– Евидентирање на сметководствени настани на две пилот компании (градежна/производна)
– Пресметки поврзани со евидентирани настани (амортизација, отпис на ситен инвентар, даноци и
– придонеси од плата)
– Контрола на салдата на сметките и логичка контрола на процедури на евидентирање
– Изготвување на финансиски извештаи (завршна сметка) за две пилот компании
– Изготвување на даночен биланс за данок на добивка
Работа во мали групи, што гарантира висока интерактивност.
Фреквенцијата на одржување на обуката е секоја сабота во траење од два месеци.
Специфика на Центарот за обука е тоа што не постојат PowerPoint слајдови, туку тренерот активно пишува, визуелизира, објаснува при што несебично го пренесува своето знаење и богато искуство. Овој метод се покажа како најдобар начин за пренесување на знаењето.
Секој учесник работи самостојно, и има можнот сам да ги изготвува и контролира финансиски извештаи со користење на софтвер снимен на USB и користење на Excel алатка.
УЧЕСНИЦИ НА ОБУКАТА
Учесници на обуката може да бидат заинтересирани кои поседуваат основни практични вештини во водење на сметководство што сакаат да се стекнат со практични вештини во областа на сметководството, даноци, анализи, пресметки, контрола на работењето и логичко расудување, а не само евидентирање на сметководтсвени настани.
Учесниците ќе се стекнат со Сертификат за стекнати практични вештини за водење на сметководтсво, контрола на финансиски извештаи и примена на даночна регулатива.
ПРЕДАВАЧ
Кристина Тилиќ е еден од најискусните професионални тренери во Македонија од областа на сметководство, финансии и контролинг, со повеќе од 20 годишно искуство како тренер и над 200 одржани двомесечни обуки. Таа има повеќе од 22 години искуство во областа на финансиите, контролингот и менаџментот, работејќи како програмер, раководител на сметководствено одделение, контролор, менаџер на контролинг, финансиски менаџер и извршен директор. Има развиено 4 различни тренинзи од областа на сметководство, финансиите и контролинг.
КОНТАКТ
Тел. (02) 3 22 00 54, 070 383 085, 078 383 053, 078 383 093
www.novakonsalting.mk