НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агелер: Одблизу ги следиме случувањата со Судскиот совет и со јавниот обвинител – сакаме законите да се почитуваат

0
By Zoran Ivanov on February 19, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Има правен процес и, според моите сознанија, тој процес е во тек и го следиме одблизу и сакаме да видиме дека се почитува законот, изјави денеска американската амбасадорка прашана за коментар за иницијативата за смена на Коцевски и интерпелациите за петмина членови на Судскиот совет

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, не ги коментира последните случува во правосудството поврзани со иницијативата на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и интерпелациите на петмина членови на Судскиот совет, но вели дека САД многу одблизу ги следат овие процеси и она што сакаат да го видат е дека се почитува законот.

Овие теми кои се во фокусот на јавноста беа неодминливи и за Агелер која денеска на настан на примопредавање донација беше прашана како ги коментира намерите на Владата за смена на државниот јавен обвинител на што таа одговори:

Немам коментар. Запознаена сум со нив, го следиме процесот. Моите сознанија се дека процедурата е во тек и секако дека ја следиме одблизу.

Идентичен беше нејзиниот одговор и на прашањето за коментар на иницијативата за интерпелација на петтемина членови на Судскиот совет кои се избрани во Собранието, со тоа што на крајот додаде дека во однос на процесот сакаат да видат дека се почитува законот.

Тоа е исто така нешто што го следиме одблизу. Очигледно со години посочуваме на Судскиот совет и на други аспекти поврзани со судството. Има правен процес и, според моите сознанија, тој процес е во тек и го следиме одблизу и сакаме да видиме дека се почитува законот, рече Агелер која денеска присуствуваше на примопредавање на специјалното мобилно оперативно возило, донација од САД за Црвениот крст на Република Северна Македонија.

агелер судски совет закони почитуваат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.