НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ројтерс :Трамп зборува за договор, а руската војска граби кон украинските минерални богатства

0
By Zoran Ivanov on February 19, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија, исто како и американскиот претседател Доналд Трамп, ги посакува природните ресурси на Украина – а на терен нејзините сили се приближуваат кон џиновско наоѓалиште на литиум, пишува во анализа на последните случувања околу Украина и иницијативите за договор со кој би се завршила тригодишната војна.

Трамп овој месец рече дека барал Кијив да предаде големи количини од своите критични минерали во замена за идна американска воена поддршка, а се чини дека ова го натера украинскиот претседател Володимир Зеленски да изјави: „Ајде да се договориме“.

Сепак, додека Вашингтон и Москва се подготвуваат за преговори насочени кон ставање крај на војната, реалноста е дека Владимир Путин е тој што презема сè поголема контрола врз богатството на Украина за кое треба да се договараат Трамп и Зеленски.

Руските сили, кои веќе зазедоа една петтина од Украина, вклучувајќи ги и резервите на ретки елементи, сега се на нешто повеќе од шест километри од наоѓалиштето на литиум „Шевченко“ и напредуваат кон него од три различни агли, пишува „Ројтерс“ повикувајќи се на податоците со отворен код на украинскиот воен блог „Deep State“.

Литиумот е исклучително баран глобален ресурс поради неговата употреба во батериите во мноштво индустрии и технологии – од мобилните телефони до електричните автомобили. Украина има резерви од околу 500.000 тони, а Русија двојно повеќе, според проценките на американската влада.

„Шевченко“ се наоѓа во Донецк, еден од четирите украински региони за кои Москва полага право како нејзина територија и кои веќе ги анектираше, во потег кој Киев и западните сили не го признаваат и го сметаат за нелегален. Тоа е едно од најголемите наоѓалишта на литиум во Украина и се наоѓа на длабочина што би овозможила комерцијално ископување.

Со оглед на сегашното темпо на бојното поле, веројатно е дека Русите ќе стигнат до оваа област во наредните недели“, вели за „Ројтерс“ Конрад Музика, директор на воената консултантска компанија „Рочан од Полска, кој штотуку се вратил од истражувачко патување во Украина.

Тој вели дека запленувањето на рудното богатство на Украина, иако не е главна воена цел, е меѓу стратешките цели на Русија.

„Украинските команданти со кои разговарав рекоа дека кога гледале во која насока и на која оска напаѓаат Русите, било јасно дека нивната цел е и заземање на природните ресурси“, додава тој.

Владимир Ежиков, висок функционер назначен од Русија во Доњецк, изјави дека рударскиот оддел на руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ покажал интерес за наоѓалиштето „Шевченко“, но дека руското Министерство за природни ресурси ќе додели дозвола за ископување кога ќе дојде време.

„Тешко е да се предвиди кога тоа ќе се случи, бидејќи за сега наоѓалиштето е во „сивата зона“ и нема можност за негово развивање поради воена акција. Овој депозит дефинитивно ќе ја најде својата лиценца. Дефинитивно ќе има инвестиции и ископ на литиум, а ние секако би сакале да видиме обработка и тука“, зјави тој за локалната државна новинска агенција во јануари.

„Русија ја добива војната“

Руските трупи со месеци зајакнуваат на истокот, фрлајќи огромни ресурси во немилосрдна офанзива. Зеленски, зборувајќи во интервју за „Ројтерс“ овој месец, на масата во неговата канцеларија отвори порано доверлива мапа, на која се прикажани бројни наоѓалишта на минерали, вклучително и широк појас од територија на истокот на земјата, означен со „ретки елементи“. Околу половина од нив се чинеше дека е на страната на Русија од сегашните фронтови.

Украинскиот лидер, кој го одби првиот нацрт на договорот за минералите со Трамп, велејќи дека тој не вклучува доволно безбедносни гаранции, рече дека сака да разговара со Трамп за судбината на ресурсите на територијата контролирана од Русија.

Тој рече дека Русија детално знаела каде се критичните ресурси на Украина од геолошките истражувања од советската ера, кои биле земени во Москва кога земјата се стекна со независност во 1991 година.

Постојат неколку веродостојни независни проценки за тоа колкав дел од природните ресурси на Украина поседува Москва во моментов. Она што е неспорно е дека Украина постепено ја губи контролата врз своето минерално богатство, пишува „Ројтерс“.

Василиј Колташов, економист и политички аналитичар, вели дека желбата на Трамп за голем договор за минерали ќе се покаже како „академска“ доколку Украина ја загуби војната.

„Не се тој и неговиот апетит за ретки минерали тоа што ќе одлучува кој што ќе добие“, изјави Колташов за руската државна телевизија овој месец. „Русија победува на фронтот, ја добива војната“ – додаде тој.

За многу Руси, освојувањето на украинските природни ресурси, исто така, претставува голема награда во конфликтот, кој овој месец ќе влезе во четвртата година.

Денис Пушилин, највисокиот функционер поддржан од Русија во Доњецк, поттикна низа триумфални наслови во рускиот печат минатиот месец, кога погрешно тврдеше дека наоѓалиштето „Шевченко“ е освоено, мешајќи го со руското освојување на друго место со истото име.

„Минералите им припаѓаат на Русите“

Кремљ, чиишто претставници неделава за првпат од почетокот на руската инвазија врз Украина се сретнаа очи во очи со Американците во Ријад, засега јавно не реагира на обидот на Трамп да ја „заклучи“ Украина во договор што ќе ѝ даде на Америка пристап до ресурсите на Украина и ќе обезбеди 500 милијарди долари како своевиден надомест за американската помош што веќе е дадена.

Самитот Путин-Трамп е на повидок, а разговорите меѓу САД и Русија за ресетирање на односите и размислување како да се стави крај на војната се во тек. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, рече само дека предлогот на американскиот претседател покажува дека тој сака Украина да плати за секоја идна помош од САД, наместо да продолжи да ја добива бесплатно.

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, беше поостра, обвинувајќи го Зеленски дека му нуди на Вашингтон ресурси кои тој повеќе не ги контролира, со оглед на промените на фронтот. Таа исто така повлече паралели помеѓу желбата на Трамп за рудното богатство на Украина и „соголувањето“ на земјата кое го извршиле окупаторите-нацисти во Втората светска војна.

И Киев и Вашингтон ги отфрлија обвинувањата дека Соединетите Држави неправедно се обидуваат да го искористат богатството на Украина со ресурси, велејќи дека договорот за ресурсите е во нивни заеднички комерцијални и безбедносни интереси.

Руските воени блогери и националисти јасно ставија до знаење дека не им се допаѓа „грабањето ресурси“ кое Трамп, според нив, се обидува да го направи.

„Постои само едно нешто што може да се каже за ова“, им кажа блогерката Старше Еди на своите околу 600.000 следбеници на Телеграм. „Не отварајте го ѓубрето за туѓа храна. Минералите на Украина му припаѓаат на рускиот народ и на никој друг“, анализира авторитетната новинска агенција Ројтерс.

 

ројтерс анализа русија ресурси украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.