НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иван С. Мирчевски, директор на Канал 5 ТВ: Погледај го домот свој Зоране и симни ја пајажината од очите

0
By Zoran Ivanov on February 21, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иван  Мирчевски:

Зоране Иванов, моја вечна инспирација за саркастични и сатирични беседи, дали знаеш која е сличноста меѓу мене, Канал 5 ТВ и тебе? Јас ќе ти кажам – никаква, нема сличност, или едноставно речено– ние сме два различни света.

Не сакам да помислам дека како „призрак“ на одреден политички центар, си во некој круг на морална анархија во кој те опчинува некаква бурна елегична дистракција. Причината за овој сериозен интелектуално-креативен немир можам само да го претпоставам и верувам дека е поврзан со познатото „проклетство“ – да имаш, па да немаш.

Како човек кој огромен број пати гостувал во Канал 5 ТВ, кому му била дадена шанса да ги артикулира своите ставови без никакви задршки или опструкции сметам дека ако веќе не можеш да ја „симнеш пајажината од очите“, обиди се барем да ги подигнеш мечот.

Знаеш што ќе видиш? Ќе видиш потресни призори, ќе видиш несреќни и болни , ќе видиш „чемер , смрт и мизерија“.

Твојот обид за моја лична дискредитација, девалвација и јавна дефаминација, при што ја извртуваш толку очигледната вистина, е само продолжение на еден медиумски авантуризам во кој учествуваше и ти а е поврзан со моето вклучување во емисијата „Само Вистина“ во ноември 2023 год.

Те молам, немој „пајажината“ која ја имаш на твоите очи да ми ја лепиш на моите очи. Немој само да ме убедуваш дека фундаментот на говорот и слободата на израз се навредите и клеветите и потенцијалниот говор на омраза.

Канал 5 ТВ бил и ќе остане храм на демократијата и новинарството, и дај те молам, охрабри се, и конечно не бегај од јавна дебата со мене „на кавга со Иван“, со цел заедно да откриеме како тоа црното е бело, говорот на омраза е говор на слобода, и кој навистина се слизнува или е веќе слизнат во т.н. морално дно.

Навистина се чувствувам екстатично и треперам за моментот кога ќе дојдеш во мојата емисија , а не постојано да наоѓаш изговори при тоа „гушкајќи ја“ твојата тастатура…како до сега.

Терминот за снимање и емитување на мојата „кавга“ ти го оставам тебе, нормално оставам да кореспондираат со твоите слободни термини , време кога не пишуваш вакви фантазмагорични текстови.

Став на Иван С. Мирчевски
Канал 5 ТВ

 

Зоран Иванов иван ц. мирчевски одговор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.