НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот шеф на ФБИ: Игнорирајте го мејлот на Маск

0
By Zoran Ivanov on February 23, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот директор на ФБИ, Кеш Пател, им порача на вработените во Федералното биро за истраги да не одговараат на контроверзниот имејл испратен од Агенцијата за владина ефикасност на Илон Маск, во кој се бара сите вработени во федералната администрација да напишат што работеле минатата недела, јавуваат американските новински агенции.

Во пораката се бара од вработените да ги наведат своите достигнувања во последната недела.

Имејлот наиде на жестоки реакции кај вработените во американската федерална администрација.

Милиони административци, меѓу нив и вработените во ФБИ и разузнавачката агенција ЦИА добија 48 часа да објаснат што работеле. Крајниот рок за одговор е наведен како понеделник во 23:59 часот.

Во објава на „Икс“, Илон Маск напиша дека оние административци кои нема да одговорат на пораката, ќе се смета дека даваат отказ. Ова предупредување го немало во пораката која била испратена до државните чиновници.

Но, директорот на ФБИ Кеш Пател, кого Сенатот го потврди на функцијата пред три дена, го отфрли барањето од Маск, отворајќи го првиот конфликт меѓу високи функционери во администрацијата на Трамп. ФБИ, според информациите кои ги објавија медиумите, барало дополнителни насоки од Министерството за правда на САД за следните чекори.

Персоналот на ФБИ можеби добил порака со барање информации. ФБИ, преку Канцеларијата на директорот, е задолжен за сите наши процеси на ревизија и ќе врши прегледи во согласност со процедурите на ФБИ. Кога и доколку се потребни дополнителни информации, ќе ги координираме одговорите. Засега, паузирајте ги сите одговори“, им пишал новиот директор Пател на вработените во ФБИ.

Последната необична директива од тимот на Маск внесе ново чувство на хаос низ загрозените американски државни агенции.

 

игнорира Маск пате ФБИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.