Published: Monday, March 23, 2015 19:25
Најмалку 34-ца загинале, а 70 се повредени во повеќекратен судар во Перу кој почнал со сообраќајка меѓу два автобуса, за потоа во нив да влетаат трет автобус и камион, јавува „Ројтерс.
Според првите информации до несреќата дошло поради тоа што возачот на еден од автобусите заспал зад воланот. Страшната несреќа се случила утрово на автопатот во близина на градот Хаурмеј. Повредените се превезени во болницата во Лима со автомобилите на брзата помош и со хелихоптер. Патишната во Перу се многу опасни, само минатата година во сообраќајни незгоди загинале 3.590 луѓе.




