Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакции по лондонскиот самит

0
By Marija Todorovska on March 3, 2025 ТЕМА
Фото: X
Фото: X
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 3, 2025 11:06

 Дури и по петочната трауматична епизода во Белата куќа, Европејците изгледа како се уште да не сакаат да ја признаат новата трансатлантска реалност и наместо да одат напред без американскиот претседател Доналд Трамп, тие губат од скапоценото време на Украина чекајќи го Вашингтон, оценуваат новинските аналитичари во Брисел во освртите на вчерашната европска лидерска средба во Лондон.

Наспроти искажаната поддршка за Украина, според овие анализи, некои европски лидери му сигнализирале на Кијив дека попрво би сакале да ги поправаат односите со Вашингтон, отколку да продолжат без САД. Во коментарите се оценува дека европските лидери дале многу ветувања, но малку конкретни одговори.

Европски дипломат по средбата оцени дека постоела согласност околу важност на продолжување на тесната соработка со САД во рамките на НАТО, како и дека идните европски придонеси за дополнителни безбедносни гаранции мора да се усогласуваат со САД.

Во пресрет на состанокот, неговиот домаќин, британскиот премиер Кир Стармер и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте се обиделе да го убедат украинскиот претседател Володимир Зеленски да најде начин за „да ги обнови“ односите со Американската администрација, и покрај јасните пораки на Трамп дека не сака Украина да продолжи да се бори.

– Presidenti ukrainas Volodomir Zelenski deklaroi se është i gatshëm të japë dorëheqje nëse Ukraina si kthim bëhet anëtare e NATO-s, ndërsa këtë e përmendi pasi aleatë të presidentit amerikan

Стармер соопшти дека пред самитот разговарал со Трамп за да ги координира неговите предлози, порачувајќи дека Европа „мора да го преземе тешкиот товар“, но дека за таквите напори „мора да има силна поддршка од САД“.

Според него, САД се уште се „сигурен сојузник“ на Европа и дека Европејците се согласуваат со Трамп од итната потреба за траен мир, па затоа „треба заедно да испорачаат“.

Стармер рече и дека „голем број земји“ изразиле желба да и понудат безбедносни гаранции на Украина доколку се постигне прекин на огнот, најавувајќи дека Велика Британија и Франција ќе работат со Кијив за подготовка на мировен план, што ќе му биде претставен на Трамп. Во прилог на тоа е и идејата, што ја поддржа францускиот претседател Емануел, за прогласување едномесечен прекин на огнот во Украина.

Засега, според анализата на „Политико“, сепак е нејасно како Европа ќе го убеди рускиот претседател Владимир Путин да седне на маса за да преговара за нивниот потенцијален мировен план, особено што се очекува Москва да биде понаклонета кон пристап предводен од Белата куќа.

По вчерашната средба во Лондон, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека дискусиите на неа биле „корисни и важни“ во пресрет на специјалниот Самит на ЕУ в четврток, на кој, според него, лидерите „треба да бидат подготвени да донесат одлуки“. Во прилог на ова е и изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која најави дека на Самитот в четврток ќе претстави „сеопфатен план“ за одбраната.

Макрон повика на компромис со политичките сили во земјата за да се дојде до „јасно мнозинство“

Со ова, за разлика од претходните два собири во сличен формат, оној што го организираше Макрон на 17 февруари во Париз и онлајн лидерскиот состанок одржан неколку дена подоцна, од кои не произлегоа никакви конкретни планови, според оценката на „Еурактив“, се чини дека во Лондон барем е направен прв чекор напред по последните неколку недели безидејност.

Но, во ваквата состојба Европа страда од недостиг на лидерство, со премногу готвачи, но без јасен глас кој ќе раководи со кујната, а се добива и впечаток дека Европејците и не сакаат да продолжат сами без САД.

На тој план најдалеку отиде високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, која порача дека „на слободниот свет му треба нов лидер“ и дека Европејците треба да се нафатат на овој предизвик.

Според аналитичарите, Германија, која за време на претходната администрација на Трамп под водство на тогашната канцеларка Ангела Меркел се сметаше за европски лидер, овој пат не е во таква позиција, барем не додека не биде формирана новата Влада во Берлин.

реакции Самит Лондон Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.