Трамп пред американскиот Конгрес рече дека неговата администрација планира „да го врати Панамскиот канал и веќе почна да го прави тоа“.
Панамскиот канал го изградија САД на почетокот на 20 век, но во 1999 година и беше отстапен на Панама. Во меѓувреме, американската компанија Блек Рок (Black Rock) се согласи да купи две пристаништа на двата краја на Панамскиот канал од фирмата Си-Кеј Хачисон (CK Hutchison) со седиште во Хонг Конг.
Според договорот објавен денеска, Блек Рок и конзорциум од други инвеститори ќе потрошат 22,8 милијарди долари за купување на пристаништата Балбоа и Кристобал на влезот и излезот од Панамскиот канал.