НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп и Украина ја изолираа Украина и од системите за воздушна тревога, ги исклучиле и сателитските нишани за ракетите ХИМАРС

0
By Zoran Ivanov on March 5, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Соединетите држави ја исклучиле Украина од системите за предупредување од воздушни удари, како и сателитските системи за целење на ракетните системи со долг дострел ХИМАРС, тврди новинарот на „Економист“, Оливер Керол во објавата на платформата Х.

Америка ја исклучи клучната комуникациска линија за предупредување во 14 часот по киевско време. Пред тоа, податоците за целење на HIMARS. Украина, исто така, не добива информации во реално време за ударите со проектили со долг дострел, напиша новинарот.

Претходно британската телевизија „Скај њуз“, повикувајќи се на неименуван украински извор, објави дека САД престанале целосно а не селективно, да споделуваат со Украина разузнавачки информации.

Во средата директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ретклиф, го потврди запирањето во споделувањето на разузнавачки информации.

Денеска беше објавено дека Белата куќа ѝ забранила на Велика Британија да си споделува американските разузнавачки информации со Киев, откако претходно Вашингтон ја запре и воената помош за Украина. Според пишувањето на весникот, забраната се однесува на Управата за комуникации на Велика Британија, специјалната служба и разузнавачката единица во британското Министерство за одбрана.

Во меѓувреме, „Блумберг“, повикувајќи се на анонимен источноевропски функционер, објави дека САД не ги предупредиле своите сојузници за запирањето на размената на разузнавачки информации со Украина, со што на сојузниците на Киев сега ќе им биде тешко да го компензираат престанокот на размена на важните западни разузнавачки информации благодарејќи на кои украинската војска успева некако да се спротистави на руските напади.

САД не испратија известување до сојузниците за прекинот (на споделување на разузнавачките информации) … На сојузниците сега ќе им биде тешко да ја надоместат секој ваков прекин на информациите, го цитира агенцијата соговорникот.

Британски неименувани функционери за Bloomberg потврдиле дека позицијата на САД во врска воената и разузнавачка поддршка на Украина се зацврстила по расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот Володомир Зеленски минатиот петок во Белата куќа. Истовремено, еден од функционерите истакнал дека ситуацијата, сепак, може да биде поправена исто толку брзо доколку Киев и Вашингтон го потпишат договорот за ретките метали, поради кој Зеленски отпатува во Вашингтон на споменатата средба која се претвори во фијаско.

Вчера американската телевизија Fox News, повикувајќи се на високопозиционирани извори во администрацијата во Вашингтон, објави дека САД запираат со испораките на муниција и воена опрема во Украина, сѐ додека Трамп не се увери дека Зеленски е посветен на мировните преговори.

На оваа вест, полскиот премиер Доналд Туск потврди дека воениот аеродром во Жежов, главниот центар за испораки на оружје и хуманитарна помош во Украина, престанал да функционира во полн обем.

 

воздушна тревога исклучена САД систѕем Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.