Германскиот министер за транспорт, говорејќи на прес-конференција во Берлин, ги опишува откритијата на официјален Марсеј како шокантни.
Тој вели теоријата на намерно предизвикана несреќа на урнувањето на авионот на Германвингс (Germanwings) е можна.
Во меѓувреме дојде реакција од Германвингс за шокантните вести од Марсеј, испратена на Твитер: Ние сме потресени од вознермирувачките вести од Марсеј.
Шпанскиот премиер, Маријано Рахој, исто така на Твитер изрази вознемиреност за откритијата од Марсеј.
Ко-пилотот Андреас Лубиц (на фотографијата) на урнатиот авион на Француските Алпи на компанијата Германвингс, “го забрзал слетувањето во намерен обид да се уништи авионот”, претходно изјави обвинителот од Марсеј, Брис Робин, јавува Си-Ен-Ен.
Аудиото од пилотската кабина на авионот открива дека еден од пилотите отишол во тоалет и подоцна, откако ко-пилотот не му ја отворал вратата од кабината, се обидувал да ја сруши минути пред ударот, објави Гардијан.
Лубриц нормално дишел и последните 10 минути не зборувал ништо- “апсолутна тишина пред да падне авионот.”
Ко-пилот, Андреас Лубиц , беше жив до конечниот пад, додаваат марсејскиот обвинител, како што јавува Би-Би-Си.
“Слушаме како пилотот побарал од ко-пилотот да ја преземе контролата на авионот и слушаме во исто време звук на седиште кое се движи наназад и звук на затворање на вратата”, изјави марсејскиот обвинител на новинарите.




