Иванка Василевска: Генерално европските политичарки имаат афинитети и таленти исто како и жените во македонската политика. Разликата е што кај нас сеуште квотите се гаранција за застапеност во политичкиот простор, а во рамките на Европската унија имате различен спектар на жени во политиката кои имаат автентичен израз и прашањето на половата припадност е само еден од повеќето критериуми кои треба да се исполнат како би можеле да се натпреваруваат во политичката арена. Моето мислење е дека ние треба да обрнеме повеќе внимание на целосната слика при изборот на политичарите, а со тоа и на оние од женскиот пол со цел да овозможиме силни и квалитетни жени и мажи да добијат можност да го дадат својот придонес во оваа комплексна професија. Линк
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.