Published: Thursday, March 26, 2015 16:00
Туниските власти уапсиле 23 луѓе осомничени за минатонеделните напади врз националниот музеј “Бардо” во кои загинаа 20 туристи, соопшти министерот за внатрешни работи Наџем Гарсали.
Помеѓу нив имало и една жена.
Од приведените, двајца се Мароканци, еден е Алжирец а останатите биле од Тунис. Според властите, тие бие припадници на терористичка ќелија која речиси 80 отсто сега била разбиена.
Лидер на оваа терористичка организација бил џихадистот со алжирско потекло Локман Абу Сар, кој се поврзува пак со Ал Каеда.
По нападите, одговорноста ја презеде Исламската држава.




