НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Непочитувана министерке, мајка на два сина!

0
By Marija Todorovska on March 11, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерке Димитриоска-Кочоска, вие седите на оваа удобна фотелја благодарение на народот, кој ве гласал и за кој треба да работите. Многу попаметно ќе ви биде да си ја намалите суетата, која ви извира од секоја пора, зашто нема вечно да бидете на функција. Тоа го знаат и пилците надвор. А, ако продолжите со истото темпо, многу порано сами ќе си ја закопате сопствената кариера.

Ирена Мулачка 

„Врз основа на што ги ставате во уста мајките што имаат деца и како вие знаете едно повеќечлено семејство колку треба да троши. Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно четиричлено семејство!

Ова беше „фамозната“ и „спектакуларна“ изјава со која се „закопа“ актуелната министерка за финансии, Гордана Димитриоска-Кочоска, на одговор на пратеничко прашање од страна на пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска. Изјава што предизвика лавина реакции и која министерката ја стави на клада. Нели, сѐ според заслугата.

Во рок од само неколку часа, социјалните мрежи вриеја, медиумите беа преплавени со реакции, а невладините реагираа како некоја машинерија. Единствено, само до Кочоска не допре ништо. Само таа немаше доблест да се извини за една од најмалограѓанските изјави дадени досега.

Жена без никаква почит и никакви скрупули. Удри најсилно таму каде што најмногу боли – темата за деца.

За да дадеш ваква недолична, некултурна, одвратна и шовинистичка изјава, треба малку да си ја чукнеш главата. Што е таа поразлична ако има две деца, од тие што немаат деца? Никому не му ја знаеш маката за да се дрзнеш и да плеснеш во лице дека некој не се остварил како мајка. За тоа постојат бројни причини – може не сака, може не може…

Како и да е, секој има право на избор, а тоа не ѝ дава право на првата финансиерка да си ја покажува својата суета и некултура на дело.

И, ај да речеме дека ова се случува првпат. Но, не! Секоја нејзина изјава е од шокантна пошокантна, а мислам дека и самиот Христијан Мицкоски се покајал што ја ставил како прв човек на финансии, иако за цело време додека беше во опозиција му беше десна рака. Таа беше во оние пет најблиски луѓе на премиерот, кои во заднина му го штитеа грбот.

Чудно е ова за вмровците, кои се познати по силната пиар-стратегија и никогаш ништо не оставаат на случајноста, да дозволат една министерка да им го урива „угледот“. И тоа пуштена на најјако.

Се гледа дека Кочоска пука од самодоверба и сега го достигнала врвот во својата кариера, но тоа не ѝ дава за право да ги навредува граѓаните за кои работи, зашто со таа изјава не ја навреди само Петровска, туку повеќето од жените во земјава. Поточно, ги срамни со земја, па дури и дното го проби.

За волја на вистината, оваа госпоѓа министерка, мајка на два сина, ми е „омилен“ лик во владата на Мицкоски. Со месеци ги следам нејзините изјави и секогаш се шокирам колку нема поим што зборува пред медиумите. Кога станува збор за цените во маркетите, таа се „пали“ како димна бомба, мислиш за нив работи, а не за народот. Подготвена е во секое време да се скара, да навреди, да понижи, како мислиш Господ е. Никој ништо не ѝ може. Убаво викаат, дај му на човек власт, да му го видиш паметот. Е, ние ѝ го видовме, и тоа убаво.

Нејзината дрскост оди до таму што кога новинарите ѝ поставија прашање за функционерските плати, таа безобразно одговори:

„Не знам што ќе правиме, но ако планираат да ги намалат, јас заминувам. Еве, платата на министер е 115. 000 денари. Јас приватно работев и повеќе заработував. Не мора да бидам тука, нека дојде друг тука да се справува, додека се тие по одмори, јас и сабота и недела бев на работа. И немав платено прекувремено“.

Министерке Димитриоска-Кочоска, вие седите на оваа удобна фотелја благодарение на народот, кој ве гласал и за кој треба да работите. Многу попаметно ќе ви биде да си ја намалите суетата, која ви извира од секоја пора, зашто нема вечно да бидете на функција. Тоа го знаат и пилците надвор. А, ако продолжите со истото темпо, многу порано сами ќе си ја закопате сопствената кариера.

Едно треба да знаете, дека народот, медиумите и опозицијата се тука за да го критикуваат тоа што власта не го прави како што треба. Ставете си го тоа во глава. Сите ние знаеме дека раката на ВМРО-ДПМНЕ е долга, го почувствувавме тоа во времето на бегалецот во Будимпешта и реално никој не го сака ВМРО од тоа време. Таму каде што седите, јавната функција што ја имате е подложна на критика, а отчет за сработеното му должите на народот. Зашто сте министерка на граѓаните, а не на владата.

И многу жално е дека од целата плејада критики упатени на ваша сметка, вие не извлековте поука, па наместо да се сокриете и да не се појавувате во јавноста извесно време додека се заборави отровот што го блуете,  вие уште поосилена тврдите дека луѓето биле организирани да ве плукаат. И вие и ние, многу убаво знаеме дека тоа не е така.

Можеби сте стручњак за работата што ја работите, иако реално досега ништо не видовме на дело. А, нели вие секогаш сте по делата. Сепак, сфатете едно – крајот го краси делото!

Текстот е сопственост на Фокус

Гордана Димитриоска-Кочоска Ирена Мулачка Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.