НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Со неуставна интепелација Власта го руши уставниот поредок

0
By Marija Todorovska on March 11, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со кршење на уставот и неуставна интепелација парламентарното мнозинство го руши уставниот поредок. Тоа е удар за правосудниот систем и напад на владеењето на правото,  рече пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за интерепелација на членовите на Судскиот совет.

Овде се повикувате на реформи во правосудниот систем, кој што се потребни во државата , кои се потребни да се врати довербата во судството, и наместо реформа се започнува со операционализацијата на една неуставна  интерпелација, додаде тој.

Зошто е неуставна?  Затоа што, член 68 ст1 алинеја 15 од Уставот предвидува интерпелација на оние кои одговараат пред Собранието, Владата, поедини членови на владата и др. носители на јавни функции кои се одговорни пред Собранието. На членовите на Судскиот совет одговорност може да утврдува само Судскиот совет, бидејќи тој е  уставна категорија и претставува самостојно и независно тело во судството. Затоа поднесените интерпелации  како механизам за политичка контрола на Собранието над субјектите од горе цитираниот член е преседан и недозволен акт во една демократска држава, упад во судството, кој ја руши темелната вредност на уставниот поредок на поделба на државната власт, во член 8 ст1 алинеја 4 од Уставот. И повреда на основното начело на еднаквост на членовите на Сускиот совет, создавајќи дискриминација помеѓу членовите, рече Спасовски.

Понатаму, потенцираше Спасовски, Уставот со членовите 104 и 105 го регулира статусот, составот, мандатот на членовите, условите и постапката за избор и разрешување на членовите и надлежностите на Судскиот совет.

Поконкретно разработени во законот за Судскиот совет како lex specialis и е гаранција за независноста и непристрасноста на судската власт во однос на законодавната и извршната власт, но и во однос на политичките партии, органите на државната управа и на другите др институции. Затоа поднесената интерпелација е антипод на ваквата интенција која што е предвидена со Уставот, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

Поради овие причини Спасовски најави дека пратеничката група на СДСМ нема да учествува во понатамошната расправа на собраниската седница.

Спасовски Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.