Важна индикација во домот на копилотот Андреас Лубиц открила германската полиција, пишува весникот „Дејли Мејл“.
Детективите изјавиле дека дошле до важно откритие за време на четиричасовниот претрес во неговиот стан.
– Синоќа полицијата изврши претрес во домот на семејство Лубиц во малото гратче северно од Франкфурт и во неговиот стан во Дизелдорф, запленети се компјутери, лаптопи и други материјали, пишува весникот.
Според полицијата, она што го открила може да биде многу важно за понатамошната истрага.
Пилотот бил во период на депресија. Вкупно година и половина тој посетувал психијатар, пишува германскиот таблоид Bild, повикувајќи се на извори во Lufthansa.
Лубиц ги прекинал студиите неколку месеци. Bild тврди дека причината за ова биле психичките проблеми со кој се справувал.
Во неговото досие во федералната управува за цивилна заштита имало забелешка дека му се потребни „специјални и редовни медицински прегледи.“
Инспекторите сметаат дека вината за несреќата на 24 март е на Андреас Лубиц, кој бил сам во кабината, откако неговиот колега излегол за да изврши нужда.
Како што пишуваа светските медиуми, Лубиц ја заклучил пилотската кабина, за да го спречи пилотот потоа да влезе внатре. Пилотот најпрво го молел да ја отвори вратата а потоа се обидел и да ја разбие. Сепак, се` се случувало премногу брзо, а Лубиц веќе започнал да ја намалува висината и најпосле да се урне на француските Алпи.




