Компанијата „Србијавоз“ соопшти дека денеска е во прекин железничкиот сообраќај.
„Србијавоз“ во соопштението наведува дека во четвртокот во 01:39 часот добиле повик со анонимна дојава дека во меѓуградските возови биле поставени експлозивни направи.
„Интензивно работиме со Министерството за внатрешни работи на разрешување на ситуацијата. „Принудени сме привремено да ја прекинеме работата на сите меѓуградски возови за да ги заштитиме животите на патниците и екипажот на возовите“, напишаа тие во соопштението.