НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на Деловникот на Собранието и правата на пратениците

0
By Zoran Ivanov on March 14, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Парламентарното мнозинство предводено од ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН целосно го ставаат под контрола законодавниот дом и вршат атак врз демократијата во Собранието на Република Северна Македонија.

На денешната Комисија за социјална политика, демографија и млади, на пратениците од опозицијата ни беше оневозможено да предложиме измени и дополнувања на дневниот ред. Од страна на новиот претседавач на Комисијата, Имрлије Фетаи Салиу, поставена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, беше образложено дека дневниот ред бил веќе утврден од претседателот Гаши. Според членот 131 од Деловникот, Дневниот ред на седницата на работното тело се утврдува на почетокот на седницата, а според ставот 2 во дневниот ред може да се внесат и прашања што ги предложиле пратениците, преседателот на Собрание и Владата. На овој начин претседавачот на Комисијата, Фетаи Салиу, не го почитува и грубо го прекршува Деловникот на Собранието.

Ова покажува дека парламентарното мнозинство предводено од ВЛЕН и ВМРО ДПМНЕ сакаат целосно да го стават под контрола законоданиот дом, при тоа правата на пратениците да ги загрозат да не се остави можноста на опозицијата воопшто да даде било каков предлог и секое едно одржување на седницата да биде само по прашања коишто сака да ги постави парламентарното мнозинство. Ова е невиден атак на демократијата, невиден атак на рушење на демократичноста и демократијата во зкаонодавниот дом, таму кадешто демократијата треба да биде најразвиена затоа што Собранието по правило е храм на демократијата.

Пратеничката група на СДСМ ќе преземе конкретни чекори и ќе поднесе кривична пријава против претседавачот на Комисијата Имрлије Фетаи Салиу заради грубо кршење на деловникот и грубо кршење на правата на пратениците. Исто така, пратеничката група на СДСМ ќе поднесе и иницијатива до Уставниот суд со којашто ќе бара да се утврди прекршувањето на правата на пратениците на кои што им беше оневозможено согласно Деловникот да постават или да предложат измена и дополнување на Дневниот ред.

Инаку, ова е уште еден обид на власта да не го прифати барањето на СДСМ за расправа за Законот за бранители.

бранителибранители деловник интерпелација СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.