Published: Saturday, March 28, 2015 13:49
Популарната шведска компанија за мебел „Икеа“ доби градежни дозволи во Србија, пренесува новинската агенција „Танјуг“. По обидите кои траат четири години, компанијата конечно доби четири градежни дозволи за две локации во Белград и две во други делови на Србија, соопштила српската министерка за градежништво, сообраќај и инфраструткира Зорана Михајловиќ.
Од компанијата ја обвинувале локалната самоуправа поради неможноста да добие дозволи толку долго време, бидејќи постојано им барале „нов и нов документ„.
„Икеа“ е популарен бренд и за Македонците, а нивните производи тие најчесто ги набавуваат во Солун.




