Published: Sunday, March 29, 2015 10:01
Исламистичката терористичка организација Боко Харам вчера направи уште еден масакар во село на североистокот од Нигерија во која се одржуваат претседателски избори. Вооружените напаѓачи обезглавиле 23 жители од селото, а во масакарот повредени се уште 32 лица и запалени се многу домови.
Во Нигерија вчера се одржуваа претседателски избори кои се проследени со многу насилство.
Боко Харам за време на изборите во други два напади убила уште шест лица. Оваа озогласена организација во јануари годинава го изврши најкрваиот масакр во нејзината историја, срамнувајќи со земја еден град во Нигерија и убивајќи околу 2.000 лица.




