НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Теории, искуства, и погледи: Компилација на цитати од интервјуата на Нова – серијал еден

0
By Marija Todorovska on March 30, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Славјанка Петровска: Генерално, она што во моментов се случува на македонската политичка сцена личи на сцени од евтина филмска продукција. Простете, но нивото на политичка култура во дебатите, во давањето изјави, во меѓупартиската комуникација е под секое ниво. Поголемиот број на носители на високи државни должности, се обземени со самобендисаност и ароганција, пренагласената употреба на жаргони и уличен речник, а за жал и некои колеги од опозицијата не заостануваат. И тоа негативно влијае на севкупниот амбиент, но и има негативни ефекти врз младите генерации. Линк

Драган Секуловски: Интернет порталите претставуваат значаен чекор напред во развојот на новинарството, бидејќи нудат поголема брзина и достапност на информации. Тие се дел од иднината на новинарството, но исто така носат предизвици како што се проверката на вистинитоста на содржините и одржувањето на високо ниво на професионализам. Традиционалните медиуми и интернет-порталите можат да опстојуваат и да се дополнуваат едни со други во обезбедувањето на разновидни извори на информации. Линк

Foto: I. Vasilevska by Marc Bader
Foto: I. Vasilevska by Marc Bader

Иванка Василевска: На ЕУ и е неопходна Македонија исто како што на Македонија и е неопходна ЕУ. Тоа е комплементарен процес во кој генерално се додека целиот регион на Западен Балкан не стане дел од една целина, ќе бидеме осудени да живееме со духовите од минатото. Старата парадигма за Балканот и неговата политичка маргинализација трае повеќе од два века и истата мора да биде променета бидејќи светот веќе подолго време го промени разбирањето за улогата на полуконтинентот. Сонот за евроинтегрирање во Унијата е врвен приоритет на политиката која ја поддржувам и сигурна сум дека истиот ќе биде остварен. Линк

Мице Јанкуловски: Според мене, времето не се мери со часови, туку тоа се мери со настани. Јас сум проживеал повќе човечки животи градејќи и создавајќи вредности, најпрво како индивудуален порив а потоа и како придонес кон општеството. Мојот придонес и придонесот на секој од нас поединечно, секој на свој начин, представува пиксел од дигиталната слика која ќе сведочи пред идните генерации за степенот на развој на општеството во времето во кое живееме. А времето во кое живееме е реалноста која не сме ја наследиле од нашите предци, туку ја позајмуваме од нашите деца! Линк

Зорана Антовска: Преку континуирана соработка со меѓународни и домашни институции, создаваме средина каде што студентите можат активно да придонесуваат за заштита на човековите права. Визијата на Правната клиника е да инспирира генерации кои ќе ги промовираат човековите права, правдата, како и интеграција на ранливите групи во општеството. Линк

 

Ивана Кекева: . За барателите на азил, изучувањето на македонскиот јазик е неверојатно важно, тоа не само што им помага да комуницираат со локалното население и да пристапат до основните услуги, туку исто така го поттикнува чувството на припадност и независност. Способноста да се разбере и зборува јазикот отвора можности за вработување, образование и градење социјални врски во заедницата, што го прави клучен чекор кон нивната интеграција. Линк

 

Мимоза Ристова: Така се уништени цели генерации и следува колапс на системот. Имам сознанија дека во една гимназија во Тетово кога професорките одат на породилно отсуство, никој не ја држи наставата по физика. На крајот од школската година им внесуваат некакви оценки, и толку. Овие генерации се обесправени. Никој не може да надомести ваква загуба во формалното системско образование. Линк

 

Кристина Атовска: Пораката, за жал, останува иста – без промена на Уставот и без спроведување на веќе потпишаното со соседите, нема влез во Унијата. Постои свесност за опаѓањето на поддршката на граѓаните кон Унијата по низата разочарувања. Линк

 

 

Илија Ацески: Нужно е вреднување на дипломираните студенти. Ако тој студент, кој дипломирал, не ги задоволува критериумите за струката, едноставно да се врати на факултет, да го доучи, а ако не сака, тогаш да си ги побара парите, односно трошокот кој што тој го имал 4 -5 години и тој дипломиран студент нема право на државна служба. Линк

 

Даниела Блажевска: Најголемиот проблем на новинарството во Република Северна Македонија е што не се вработуваат образовани новинари. Мислам дека образованието треба да биде првиот услов што треба да се исполни при ангажирањето на новинари во масовните медиуми (студенти по новинарство, дипломирани новинари). Во масовните медиуми има потреба од различни профили на човечки ресурси, но за сите работни места треба да се избира соодветно образован кадар. Линк

интервју НОВАТВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.