Каја Шукова: Темелна и итна истрага за целиот случај и утврдување кривична одговорност. Итно испитување на сите реки и води кои се во допир со водите од Крива Река, вклучително и делови од Пчиња и Вардар. Потенцираме и укажуваме дека можеби храната која јадеме е под ризик. Објава на сите инспекциски извештаи поврзани со рудникот Тораница. Оставка од пратеникот Емил Спасовски, кој свесно ширеше дезинформации и ја минимизираше катастрофата. Одземање на еколошката дозвола на Булмак 2016, поради сериозни и повторени прекршувања. Доста беше молк. Доста беше заштита на бизнис интереси на штета на животната средина и здравјето на граѓаните. Државата мора да покаже капацитет – или ќе има правда, или ќе има соучесништво. СДСМ нема да дозволи овој случај да помине тивко. Ќе бараме одговорност – до крај!
Извор: Рацин.мк