По трагичните настани кои се случија во Македонија, кои кулминираа со 59-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, граѓанската иницијатива „Кој е следен“ организира протест пред Собранието на Македонија. Овој протест кон системот е искажан на еден поинаков начин, правејќи реплика на „собранискиот распуст“ кои си го земаа пратениците од Собранието.
За случајот со „Пулс“ во Кочани граѓанската иницијатива разбирливо има дилема дали институциите правосудните и државните ќе ја спроведат правдата на достојно ниво и затоа бараме транспарентно и целосно да се објави документацијата поврзана со работењето на дискотеката „Пулс“ од 2012 до денес – рече Борјан Евтимов од Граѓанската иницијатива „Кој е следен“.
Бараме транспарентно да се објави документацијата и за случаите „Беса- транс“, „Дурмо-турс“, „Онкологија“ и „Тетовската модуларна болница“.
Јавноста е нецелосно информирана за овие случаи со цел да се заштитат одредени индивидуалци кои владееле изминатите 30 години – рече Евтимов.
Организаторите им овозможија на присутните да си земат бројче со кое ќе можат да земат збор на говорницата.
„Народното собрание“ почна со минута молк за оддавање почит кон починатите и со интонирањ на химната почна собирот на граѓанската иницијатива „Кој е следен?“.
Фото: Слободен печат.мк