Анкара: Повеќе од 60 проценти од Турците сакаат предвремени избори, покажуваат резултатите од најновата анкета реализирана по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и масовните протести.
Дури 63,5 отсто од испитаниците позитивно се изјасниле за предвремени избори, додека 33,2 проценти дека се против, а 3,3 отсто дека не знаат.
Анкетата ја изработи агенцијата СЕР-АР од 24 до 27 април, при што 2.000 луѓе требале да одговорат на прашањето: Дали според вас треба да има предвремени избори во 2025 година?“.
Опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) вчера почна кампања за собирање на потписи за ослободување на Имамоглу и организирање предвремени извори.
Редовните претседателски избори во Турција треба да се одржат во 2028 година.