Иван Пешевски: Пратениче бране, синдикалците се финансираат од синдикална членарина – плата утврдена од органите и телата на синдикатот, за разлика од тебе со пари од Буџет. Ги опљачкавте граѓаните по сите параметри и уште без срам кажувате како е многу 500 евра минимална плата. Убедливо последно место сме во Европа. 500 евра е далеку од плата доволна за живот туку бараме тоа е да основица за пресметка на останатите плати и не треба и не смее да има вака слабо платени работници ни во јавен, а уште помалку во приватен сектор. Цела младина се отсели поради тие мизерни плати и немање услови за обезбедување дом и пристоен живот. Ветуваше подобра иднина за младите. Која иднина со 400 евра плата бе ране!? Борбата за достоинствени плати и безбедни услови за работи ја водиме единствено ние во ССМ и засукајте ракави сработете нешто, а не да напаѓате колку земаат другите. Тргни од себе и кажи на јавноста колку се твоите месечни примања пред да кажуваш за другите!? Навистина „небидибране“ народе мој! Се гледаме на 02.04.2025 во 12.05 часот пред Сојуз на синдикатите на Македонија. ДА ЖИВЕЕ РАБОТНИЧКАТА КЛАСА!!
Од Фејсбук ѕидот на авторот