Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакции поради пресудата за Марин Ле Пен

0
By Zoran Ivanov on March 31, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 31, 2025 20:41

Политичари и партиски претставници од неколку европски земји ја осудија одлуката на Францускиот суд со која Марин Ле Пен од десничарската француска партија Национален собир е осудена на четири години затвор поради проневера на средства од европски фондови.

Според одлуката, две од вкупно четирите години затвор ќе бидат условна казна. Судот пресуди и дека Ле Пен треба да добие петгодишна забрана за вршење јавна функција и треба да плати парична казна од 100.000 евра.

Адвокатот на Ле Пен соопшти дека таа ќе поднесе жалба на пресудата.

„Јас сум Марин“, напиша нејзиниот унгарски сојузник, премиерот Виктор Орбан на мрежата Икс. Орбан верува дека таа им се придружува на редовите на „патриотите“ кои се жртви на прогон, како што се Доналд Трамп и италијанскиот вицепремиер Матео Салвини.

Салвини, кој исто така мора да се справи со судовите во неговата земја, ја повика Марин Ле Пен да не дозволи да биде заплашена.

Луѓето кои се плашат од одлуката на гласачите често се смируваат со одлуката на судовите. Во Париз ја осудија Марин Ле Пен и сакаат да ја исклучат од политичкиот живот – грозен филм што го гледаме и во други земји, како Романија. Одлуката против Марин Ле Пен е објава на војна од страна на Брисел, во време кога воинствените импулси на Фон дер Лајен и Макрон се застрашувачки. Нема да се уплашиме, нема да застанеме!, рече Салвини.

Лидерот на шпанската партија Вокс, Сантијаго Абаскал рече „нема да успеат да го замолчат гласот на францускиот народ“.

Тој ја покани Ле Пен во Мадрид во февруари, заедно со Орбан и другите лидери на групата Патриоти за Европа во Европскиот парламент, охрабрени од враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.

Во Холандија, лидерот на екстремната десница Герт Вилдерс рече дека е „шокиран“ од пресудата, која ја нарече „незамисливо сурова“.

Уверен сум дека таа ќе победи во жалбената постапка и ќе стане претседател на Франција, напиша тој на мрежата Икс.

 

Ле Пен пресуда реакции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.