Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците едногласно поддржаа законски измени да се забрани пиротехника во затворен простор

0
By Marija Todorovska on April 1, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 1, 2025 12:58

Со 87 гласа „за“, без гласови против и без воздржани во Собранието беше поддржан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по скратена постапка, поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако беше усвоен заклучокот да се поддржи, во рамки на 42-тата седница, предлогот ќе биде проследен на разгледување во собраниската Комисија за одбрана и безбедност и во Законодавно-правната комисија.

Предлогот со кој се интервенира во Законот за прекршоците против јавниот ред и мир е резултат на трагедијата со пожарот во дискотеката во Кочани на 16 март во кој загинаа 59 млади луѓе и околу 200 беа повредени.

Со измените на Законот прекршоците против јавниот ред и мир, „се стеснува обрачот“ односно се забранува користење експлозивни материи – пиротехнички средства во затворен простор. Се менува и регулативата – двојно ќе бидат зголемени глобите за прекршителите доколку не се почитува забраната, а ако прекршокот се повтори, се предвидува и притвор.

Со измените е предвидено и полицијата да добие зголемени надлежности при постапување и при превенција на нарушување на јавниот ред и мир.

Во процес е подготовка на  нов Закон за експлозивни материи за цивилна употреба од страна на надлежното министерство и со овој предлог се прави интервентна измена на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир до донесување на новите законски решенија со кои детално ќе бидат регулирани сите аспекти поврзани со експлозивните материи за цивилна употреба, во кои се опфатени и пиротехничките средства.

Пред 42-та седница, Собранието ја заврши 38-та седница која почна со оддавање почит на настраданите во трагедијата во Кочани со едноминутен молк од присутните пратеници.

На 42-та седница не  беа прифатени два предлога на пратениците од Левица – по скратена постапка да се донесат измени на Законот за работните односи, по скратена постапка.

Првиот предлог, кој го образложи Амар Мециновиќ, се однесува на продолжување на мајчинското породилно отсуство од девет на 18 месеци без разлика дали се работи за едно или  за повеќе новороденчиња или за посвоено бебе.

Мециновиќ укажа дека ова е од национален интерес и едно од решенијата за демографската криза и за негативниот прираст во државава.

Не беше прифатен ни вториот предлог на Левица за измена на Законот за работните односи – за платите во државава да се исплаќаат до 5-ти во месецот.

Ако тоа може за нас, треба и за сите останати кои нѐ избрале да ги претставуваме, рече  пратеникот на Левица Сашко Јанчев, образложувајќи го предлогот.

Закон за прекршоците против јавниот ред и мир пиротехника пратеници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.