НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Половина од судовите во државава лани биле неажурни, годината ја почнале со 131.005 нерешени предмети

0
By Marija Todorovska on April 2, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скоро половина од судовите од државата лани биле неажурни, односно од 34 судови ажурни биле 18, а неажурни се 16 од кои три се апелациски, 12 основни и Вишиот управен суд. Ова беше соопштено на денешната седница на Судскиот совет на кој се разгледуваше извештајот за работата на судовите за 2024 година.

Според известителот Павлина Црвенковска,  судовите  во државата мината година ја почнале со нерешени 131.005 предмети, а примиле за работа нови 569.958 предмети, односно вкупно за работа имаме 700.739 предмети. Од нив успеале да решат 566.010, а не решиле 134.729 предмети.

Судовите лани не успеале да го совладат приливот на предмети и ги зголемиле заостанатите предмети за 3.724 предмети, истакна Црвенковска.

Според неа, Врховниот суд се оценува како ажурен, Апелацискиот суд Гостивар-неажурен, Основен суд Гостивар-ажурен, Дебар-ажурен, Тетово-ажурен, Апелациски суд Скопје-ажурен, Основен суд Велес-ажурен, Гевгелија-ажурен,Кавадарци ажурен, Кратово- ажурен, Крива Паланка-неажурен, Куманово-неажурен, Неготино ажурен, Основен кривичен суд Скопје-ажурен, Основен граѓански суд Скопје-неажурен.

Според вториот известил, Антоанета Димовска, Вишиот управен суд е неажурен, Управниот суд е ажурен, Апелацискиот суд Битола-неажурен, Основен суд Битола-неажурен, Крушево-ажурен, Охрид-ажурен, Прилеп-неажурен, Ресен-ажурен, Струга-неажурен, Апелацискиот суд Штип е неажурен, Основен суд Берово-неажурен, Виница-ажурен, Делечево-ажурен, Кочани-неажурен, Радовиш-неажурен, Свети Николе-ажурен, Струмица-неажурен, Штип-ажурен.

Во одреден број на судови, како што е Основниот суд во Радовиш се зголемил остатакот за 153 предмети, но треба да го имаме предвид фактот дека таму работат двајца судии. Тоа значи дека вложиле огоромен труд колегите. Основниот суд во Кочани е неажурен, меѓутоа го зголемиле заостатокот за само 28 предмети и знаеме дека и таму недостасуваат судии. Основниот суд во Струмица го зголемил заостатокот за 1.043 предмети, но имаат голем број на предмети кои ги примиле за работа-19.611 предмети, така што на овие апелациски подрачја може да се заклучи дека судиите дале голем напор да сработат, но во некои судови невозможно е бидејќи недостасуваат судии. Јас би го пофалила судот во Делчево, каде работи времено упатен судија и покажува резултати, истакна Димовска.

Според членот на Судскиот совет, Весна Дамева, бројот на предметите во судовите за лани го поставува прашањето дали граѓаните не веруваат на судството.

Ако граѓаните немаат доверба во судовите нема да процесуираат толку постапки и ако ги исклучиме оние кривични каде што Обвинителството ја води постапката. Судиите не само што решиле 566.010 предмети,туку постапувале по 700.000 колку што вкупно имале во работа. Тоа значи дека со намален број на судии, со недоволно финансиски средства, со недоволно човечки ресурси, затоа што знаеме дека се одбиени согласностите за нови вработувања, односно со недоволен број на пополнети и судиски места и на вработени сите дале свој сериозен придонес, посочи Дамева.

Судскиот совет го усвои Извештајот за работата на судовите за лани со 13 гласови и истиот ќе биде објавен на веб страницата на Советот.

предмети Судови Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.