Горан Лефков: Ние како истражувачки новинари сме фокусирани во делот на борба против корупцијата и таму знаеме дека за да ти се случи еден коруптивен настан, мора целиот круг да биде затворен како струјно коло. Една институција да профункционирала во тој момент немаше да се случи ова. Да не се лажеме, највиновна е полицијата. Да имаше доблест, да имаше морал министерот, требаше веднаш да си поднесе оставка, за да остави простор целата истрага да се одвива независно. Тоа не го видовме. Не видовме одговорност кај највисоките чинители на власта, бидејќи тие се тие коишто го водат системот. Ден претходно да направеле една контрола тоа немаше да се случи. Во Кочани, по статистиките со коишто сум запознаен, во Кочанската болница годишно се раѓаат околу 150 до 200 деца годишно, а ние толку имаме починати и повредени во несреќата. Тоа е една цела генерација.
Извор: Трилинг.мк