НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ ги додели годишните награди – „Животно дело“ за Ѕвездан Георгиевски

0
By Zoran Ivanov on April 4, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ ги додели традиционалните годишни награди.

Комисијата за награди во состав Герман Филков, Душица Мрѓа и Сенат Зулбеари годинава ја додели наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ на Ѕвездан Георгиевски, како признание за неговиот траен придонес во македонското новинарство.

Наградата за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ беше доделена на Истражувачката Репортерска Лабораторија – ИРЛ за сторијата „Службеничка од пошта ги штитела централите на ЕСМ од пепел, „пеплосан“.

За најдобро новинарско известување на локални и регионални теми, наградата ја доби Фисник Џелили од Порталб.мк за сторијата „Насилството меѓу учениците – сериозен аларм во Тетово“.

ЗНМ од оваа година воспоставува награда за најдобар снимателски проект од јавен интерес.

Наградата за најдобар снимателски проект од јавен интерес за 2024 година ја доби Иван Поповиќ за прилогот на тема: „Климатски миграции: Преспа во трка со времето да ја зачува водат“, објавено на платформата „Дома“.

Признанија за посебен придонес во промоцијата на професионалното истражувачко новинарство добија: Новинарскиот истражувачки магазин КОД од ТВ Телма за сторијата: „Тендерите во лотарија за набавка на видеотерминали и милионите евра”.

Александар Димитриевски и Михаил Милошевски за серијата на прилози на тема: „Бојан Христовски, поседува сертификат за познавање на англиски јазик од студио/училиште кој датира од период во кој издавачот на сертификатот ниту остварувал приходи (не работел), ниту пак бил на листата правни субјекти“, објавено на „360 степени“.

Фото: Слободен печат.мк

2024 годишни ЗНМ награди
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.