Каја Шукова: Анализата за која зборуваше градоначалникот на Крива Паланка за водата во Крива Река покажува ниво на цијанид поголемо за 14 пати, а тоа што го кажа директорката на инспекторатот за животна средина дека е 2 пати поголемо, не е точно. Директорката на инспекторатот излегува после 21 ден пред јавноста и уште се заканува со кривична пријава према градоначалникот кој, нормално е, да се грижи и да ја информира јавноста дека можеби има загадување од поголем обем, бара информации. Тие информации треба да му бидат обезбедени и на него и на јавноста. Инцидентот од рудникот Тораница е пријавен околу 6 часот и 30 минути, а инспекторите согласно нивниот записник, на 14.03.2025 излегле дури во 16.20 часот. Очигледно оти не е постапено како што треба бидејќи, согласно законот за инспекциски надзор на животна средина во итни ситуации, како што е во случајов, инспекторите имале можност и обврска веднаш да земат примероци, а зошто не го сториле тоа, ќе треба да утврдат истражните органи.
Извор: ТВ Телма