НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кога гласно се брани фотелјата, а тивко умира човечноста

0
By Zoran Ivanov on April 5, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Или: Операција „Спас на задникот, жртвување на вистината“.

Џабир Дерала

Ова што се случува деновиве во земјава е релативизација со епски размери и со висок кремљовски квалитет. Сите едногласно гракаат дека „системот е виновен“ и веќе никој не се ни осмелува да побара одговорност за оние што се директно и непосредно одговорни за нештата. Затоа што, нели, системот е виновен. Секогаш е. Тој мистичен ентитет што ги изеде сите гнили јаболка… Но ги остави фотелјите недопрени.

Тој наратив – системот е виновен – стана алиби за избегнување на одговорноста, замаглување на вистината и покажување со прст кон другите. Дури и одлична можност за властодршците дополнително да се пресметаат со неистомислениците и противниците.

И временски го одредуваат – системот е стар три децении! Значи, не системот пред распадот на Југославија, не длабоко всадена културата на корупција негувана од генерации и генерации политички номенклатури и олигарси, туку системот од пред три децении.

Не велам дека системот не е виновен, напротив. Но кога тоа е првата и последната реченица во популистичкиот наратив токму на носители на функции на тој ист систем – тоа е чиста пропаганда за спасување на сопствениот задник залепен на функционерските фотелји. И навреда за здравиот разум! Така, системот станува параван зад кој се крие личната одговорност. За кој тоа систем зборуваат? Тоа е тој систем што го уништуваат истите тие што го запоседнуваат во текот на своите политички мандати, одржуван со администрација во која ги ухлебуваат своите партиски пешадинци и криминални мрежи, и во чија функција се полицијата и судството во кои професионалците се во секојдневна битка со партискиот „гестапо“ во тие структури.

Кога ќе кажете „системот е виновен“, всушност, значи дека никој не е виновен, барем во првиот момент, додека не се соземе – самиот систем! Се работи за децениско алиби за одговорноста, една децениска пракса што премногу потсетува на кремљовските начини за манипулација со масите, само спроведен со примеси на локалните рецепти. И што погласно се напаѓа системот, толку потивко умира одговорноста. И човечноста.

Дојдовме во ситуација во која СИСТЕМОТ очекува од луѓето да слегнат со раменици по секоја ужасна несреќа, да се помират пред вишата сила (системот), а не да ги бараат непосредно и директно, правно, политички и/или морално одговорните (претставници на системот). Тие, пак, што се на врвот на ланецот на политичката исхрана во џунглата, освен што ќе го обвинат системот, ќе ги обвинат сите што им пречат. По можност, барем дел, ако не и повеќето од нив да се припадници на децениски сатанизираната етничка заедница. И додека општеството е шокирано, потресено и ужаснато, фотелјите се зацврстуваат, политичкиот капитал се оплодува, профитите растат, а неказнивоста останува.

Трагично е што жртвите од трагедијата во Кочани, нивните семејства и блиски, но и целото општество, станаа жртви на уште една операција за замаглување на вистината и одговорноста – операција лишена, не само од одговорност, туку и од човечност. Оваа, како и сите претходни трагедии како Модуларната болница, Дурмо турс, автобусот во Бугарија, осамените жртви на сообраќајниците во Скопје, Штип и насекаде низ земјата, и низа други – како и сите идни – ќе продолжат да го собираат данокот во крв, а лицата на собирачите на тој данок ќе бидат покриени со црните маски на… системот.

За спроведување на оваа и други операции за криење на конкретната одговорност зад параванот на општата „историска одговорност на системот“ не е заслужна само политичката класа – заробена во бесчувствително калкулантство – туку и медиумите и креаторите на јавното мислење. Се прашувам, дали се жртви на притисок, на наивност пред пропагандата што ја смислуваат нивни колеги во консултантските куќи и пи-ар одделенијата, или, едноставно, се жртви на сопствената бездушност. Ако воопшто може да се биде жртва на сопствената бездушност. Мислам дека тоа, сепак, е избор – да се биде опортунист, бездушен и себичен. Во стилот – „трагедијата се случи, дај да видам што има тука за мене“.

И што останува по трагедиите? Ништо. Само неозначениот гроб на вистината, плиток, но доволно зарамнет за колективната совест да не се сопне од него. Тогаш, системот ќе застане над колективната јама на општеството, ќе се потпре на лопатата со која ја затрупал одговорноста и ќе се насмевне – победнички, цинично, ладнокрвно. И со следната трагедија, како и со сите претходни, повторно ќе започне новата епизода на „Спас на задникот и фотелјата“, додека телата уште не се оладени, а солзите не се исушени. Бидејќи системот не е нешто апстрактно и недопирливо, туку недопирливи се оние што се кријат зад него.

А кога некој ќе се осмели да ѝ погледне на реалноста в очи, да ја соголи лагата до коска – без филтри, без страв, без партиски диктат – и да ги каже или напише фактите какви што се, тогаш почнува ловот. Пропагандните кербери – бесни, организирани, платени или само дресирани – да го растргнат гласот на разумот и совеста. Да го заглушат, омаловажат, сатанизираат. Тоа е методот. Тоа е хигиената на режимот. Да се уништи секој што носи огледало во кое може да се види грдото лице на вистинската одговорност. Во таа војна против вистината, ништо не е свето – ни жртвите, ни болката, ни животот. Само задникот е недопирлив.

Тие не читаат, не мислат, не чувствуваат – само ги лижат чизмите на господарите и ги касаат посочените мети. Тие не бранат систем, туку го бранат задникот на својот господар. И не го прават тоа од заблуда – туку од корист. Тоа е нивниот дневен оброк, нивната мала сатисфакција во животот што го проживуваат како медиумски паразити со терминално заболен морал.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

колумна умира фотеља човечност Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.