Дуња Иванова: Да ми кажеше некој пред пет години, кога и всушност се посветив кон овој спорт, дека оваа пролет ќе ја делам патеката со неколку олимпијки, европски првенки и девојки од врвот на светската велосипедска ранг листа, веројатно само ќе се насмеев и тоа онака, баш од срце. Денеска беше уште една привилегија да се учи од исклучителни возачи и достојно да се биде дел од тоа друштво. И тоа би било само фантазија без мојата екипа која од позадина ги прави нештата возможни и видливи. За мене, за нас, за македонскиот велосипедски спорт и за нови национални дострели.
Од Фејсбук ѕидот на авторката