НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпигл: Портрет на идниот германски канцелар Фридрих Мерц

0
By Zoran Ivanov on April 10, 2025 АНАЛИЗА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мерц е убеден либерал и пред се сака да ги намали корпоративните даноци и бирократијата. Многумина во ЦДУ мислат дека Мерц и Трамп би можеле добро да се согласуваат.

Идниот нов канцелар на Германија Фридрих Мерц, често окарактеризиран како „човек од минатото“, буди големи надежи кај неговите европски сојузници, кои цврсто сметаат на поддршката на Германија, пренесуваат странските агенции.

Конзервативниот политичар (69), чија група ЦДУ/ЦСУ победи на парламентарните избори на 23 февруари, ја помина клучната фаза во неговата кандидатура за челната функција по објавата за коалициски договор со левиот центар за формирање влада.

Патот беше долг за адвокатот по образование, кој беше соборен од власт во раните 2000-ти од Ангела Меркел, додека тој се сметаше себеси за природен наследник на Хелмут Кол, таткото на германското обединување, пишуваат европските медиуми.

Човек кој никогаш немал министерска позиција го презема раководството на првата европска сила во време на геополитички превирања, додека Европа се обидува да се ослободи од военото покровителство на сè понепредвидливиот американски сојузник за да обезбеди сопствена одбрана од руската закана.

Како недвосмислен поддржувач на пружањето помош за Украина, тој го привлече вниманието најавувајќи, веќе во март, со неговите владејачки партнери Социјалдемократите (СПД), досега невидена програма за трошење од неколку стотици милијарди евра за повторно вооружување и модернизација на Германија, која досега беше многу посветена на одржување на буџетската дисциплина.

Неделникот Економист во многу пофален воведник напиша дека тоа е „фантастичен почеток за Фридрих Мерц“.

Но, храброста што на овој милионер и пилот аматер ги носи пофалбите на европските сојузници во оваа фаза во Германија, предизвикува и критики и незадоволство.

„Многу ќе зависи од способноста на Фридрих Мерц да ја продаде идејата дека „безбедноста сега е апсолутен приоритет“ и дека позајмувањето за неа е „неизбежно““, рече политикологот Урсула Мунк од Универзитетот во Туцинг.

За време на предизборната кампања тој вети јасна промена на десно доколку стане канцелар со заострување на миграциските регулативи по неколку смртоносни напади во кои беа вклучени странци.

Од неговиот избор за шеф на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во 2022 година, тој најави целосен пресврт на дарежливата политика за прифаќање мигранти на Ангела Меркел (2005-2021).

Според него, само рестриктивната политика во однос на мигрантите може ефективно да ја запре АфД, основана во 2013 година со поранешни кадри на ЦДУ, со кои тој исклучи каква било соработка и покрај поканите на Доналд Трамп и неговите соработници.

Човекот кој вети дека ќе ја врати гордоста на Германија, исто така, ќе мора да најде начин да ја реши длабоката криза на индустрискиот модел низ кој минува земјата, што може дополнително да се влоши со новите царини од Трамп.

Мерц е убеден либерал и пред се сака да ги намали корпоративните даноци и бирократијата.

„Многумина во ЦДУ мислат дека Мерц и Трамп би можеле добро да се сложуваат. Мерц ги познава САД, тој направи кариера во приватниот сектор, па затоа е бизнисмен, што би можело да му се допадне на ‘креаторот на зделки’ во Белата куќа“, пишува магазинот Шпигел.

 

мерцел портрет шпигл
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.