Сараево: Во рамките на акцијата со кодно име „Плик“, истражителите на МВР на Кантонот Сараево ги лишија од слобода Адна Месиховиќ, министерка за наука, високо образование и млади на КС и нејзината помошничка Џенита Витешкиќ.
Тоа во заедничко соопштение го објавија Обвинителството на Кантонот и МВР.
Тие се осомничени за незаконски вработувања во министерството.
– Рано утрово е извршен претрес во становите на осомничените и во канцелариите на Министерството за наука, високо образование и млади на Кантон Сараево – КС, пронајдена е документација и други предмети кои можат да се користат во понатамошна кривична постапка, стои во соопштението.
Акцијата е резултат на протоколот во гонење на коруптивни кривични дела потпишан од страна на Обвинителството на КС со Канцеларијата за борба против корупција на КС и Управат на полицијата на МВР на КС. Помош беше укажана и од Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина, се наведува во соопштението.