Зоран Иванов
Судските инстанци, какви, такви, никакви нека се, власт се.
Власт и тоа, нели, уставно посебна.
Е таа, уставно независна од неговата извршна, денеска му даде корпа на премиерот Мицкоски.
Му ја отфикари заканата. Онаа најсвежата, онаа со полноглавците.
Онаа во стилот ќе видите сега вие кој сум јас. Ќе видите со тоа пресудите ваши такви никакви ненародни полноглавски.
Па добро, според многу судски потези, според куп судски репери и така е. Во преаво е човекот. Пресуди многу се насобраа никакви. Криминални, коруптивни, недолични, срамни.
Ама па да скокаш од надлежностите свои уставни во туѓи атари, да си се подместуваш така самиот па да те отфикаруваат и да го правиш тоа, тој атак врз судот, овој де наш каков таков никаков, уште и да му се силиш и закануваш ненадлежно дури и пред ЕУ амбасадорот кој пак, за волја на вистината, не му го премолча вокабуларот недоличен па на лице место му швркна заушка, му го стори тоа веднаш тука пред сите за заканите негови по судот и судиите, е за тоа, за такво мангупирање народот наш македонски вели туѓ срам изеде.
Па, не оди тоа така.
Не доликува на функцијата. На надлежностите, на одговорностите.
Реформи така не биваат. Никаде.
Во област за која пак ниту е надлежен, ниту е стручен, па ич.
И до кога со вакви јавни неинституционални бламажи и тоа пред своите од партијата, па пред неговите од владта, па пред тие што го гласаа, па кај стрнциве.
Нов чист политичко популистички залет му беше заканата до судиите од типот ќе видите вие кој сум јас.
И тие видоа. Виде и Тој.
По нивното здружение вчера, и Судскиот совет денеска му свирна офсдајд.
Гест полноглав или гест празноглав, тоа сега веќе е сеедно. Зборовите му летнаа.
А темата од насловот, онаа полноглаво – празноглаво, неа, еве, ја оставам отворена.