НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓорчевски одби да одговара на прашањата на Палевски, кажа само дека не го познава

0
By Marija Todorovska on April 11, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Немам коментар“ беше одговорот на прашањата поставени од обвинетиот Љупчо Палевски кон таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој денеска сведочеше во Основен кривичен суд Скопје. Ѓорчевски одговори единствено на првото прашање на Палевски, во врска со тоа дали слушнал дека има комуникација со кој било член од неговото семејство, при што замоли веќе да не одговара на прашањата од Палевски.

Јас како што веќе кажав, ниту ве знам ниту ве познавам, прв пат ми бевте посочен во полициската станица како монструм, прв пат ве видов тука во судницата, за прв пат во живот, никогаш не сум контактирал со вас, ниту пак познавам од втора рака човек што ве познава вас, вклучувајќи го и моето семејство и би сакал да искористам, ако постои такво право, да не одговарам повеќе на ваши прашања, секој мој нареден одговор ќе гласи исто, рече тој.

Судот одлучи испитувањето да продолжи, а Александар на секое наредно прашање од Палевски, одговори со „немам коментар“.

Помеѓу прашањата, имаше прашање „дали сте чуле од таткото на Вања, Ванчо Лазаров, или кој било сопственик на станот дека имал каков било проблем со мене во врска со предметните станови“ и „доколку јас и вие сме биле во дослух од користољубие како причина, да ја примораме Зорица Ѓорѓевска да даде пари како што е наведено во обвинението нели е логично да биде убиена Зорица Ѓорѓевска, а не Вања Ѓорѓевска, како законски старател ќе наследите сѐ, ќе се реализираше користољубието затоа што двете деца се малолетни, така ли е“.

По неколку „немам коментар“, Палевски искоментира дека, како што рече „поради човечки однос ќе престанам со прашања бидејќи Ѓорчевски е вознемирен“, на што бранителот на таткото на Вања, посочи дека може слободно да продолжи.

Бидејќи обвинетиот Александар Ѓорчевски е возбуден ќе престанам со прашањата. Се работи за човечки однос. Завршено е со мене. Не сакам да поставувам прашање кога го вознемирувам човекот за кој сметам дека е неправедно осуден, рече Палевски.

Потоа постави прашања во насока на тоа зошто ниту во обвинението, ниту во прашањата од обвинителството не се споменува час на испратени пораки.

Прашан „Во колку часот сте пратиле порака на децата да се облечат заради ниските температури, затоа што намерно, во текот на целата истрага, не се користи часовник, туку само денови општо, а многу е важно заради изјавите кои ги давале другите обвинети, а се единствени причини вие да бидете обвинет, затоа сметав дека е важен часот затоа што сте неправедно обвинет“, одговори „немам коментар“.

Останатите обвинети и одбраната, како и Судот, немаа прашања за Ѓорчевски.

александар ѓоечевски Љупчо Палевски прашања судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.