НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костова од СДСМ до ЗНАМ: Не ми е јасно како трчаат во скутот на потпросечниот Мицкоски  

0
By Zoran Ivanov on April 14, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мене ми е нејасно како некои од моите поранешни сопартијци трчаат во скутот на еден потпросечен политичар како Христијан Мицкоски, зашто сдсмовската борбеност налага да се одважиме и да се спротивставиме на деструктивните политики на владејачкото мнозинство. Тоа ние и го правиме, вели потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова во интервју за „360 степени на МТВ“.

Во однос на неодамнешните внатрепартиски избори на кои ново-стариот претседател Венко Филипче беше реизбран со 18 000 гласа, што е далеку помал број од изборот на Зоран Заев со 59 000, а по него и на Димитар Ковачевски со 37 000 гласа, потпретседателката Костова вели дека со овозможувањето на непосредни избори, на кои членството си го избира лидерот, покажале дека „овој демократски чин е нешто невидено за останатите партии во земјава“. На новинарско прашање – зошто не успеале барем да се доближат до бројките од изборот на Ковачевски ако не на Заев, таа одговара:

Ние сме задоволни со тоа што сите регистрирани членови покажуваат своја активност и покажуваат дека и процесот на консолидација е финиширан и дека довербата се враќа помеѓу членовите. Постои и голема можност за потенцијал и работа, а таа работа прво ќе се види од најосновните клетки на партијата, од месните и општинските организации и сите оние средби со граѓани и поддржувачи преку кои понатаму ќе се шири оваа нова возобновена доверба во СДСМ.

На новинарска забелешка дека во јавноста се слушаат критики дека СДСМ е слаба или млака опозиција, Костова негира и вели дека тие секојдневно зборуваат и алармираат за случувањата во земјава и за „лошата состојба во која Македонија се наоѓа на секое поле“.

Зборуваме и за ситуација во која по економските параметри се забележуваат големи недостатоци и пад на економијата. Станува збор за мали плати, вртоглави раст на цените на основните продукти и трошоците за живот, одбивање од владејачкото мнозинство да преземе што било за да пораснат платите и да се подобри квалитетот на животен стандард. Зборуваме и за услови во кои на надворешен план гледаме дека освен скапо платените, од граѓански пари, екскурзии и шетања по детски градинки и скапи ресторани, немаме никаков ефект или не гледаме никаков ефект од таквите скапи екскурзии и фотосесии во странство. Земјата е извадена од европскиот колосек, коментира Костова.

 

ЗНАМ Костова Мицкоски садм скутот трчаат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.