Објектот на Агенцијата за храна и ветринарство во Битола цели три недели е без струја дознава НОВА од извори во Агенцијата. ЕВН им ја исклучила струјата поради неплатени сметки, така што инспекторите не само што неможат да си ја вршат работата бидејќи не работат комјутерите, туку таму воопшто нема основни услови за нормално функционирање.
Во бараката која е сопственост на министертвото за здравство заедно со осумте инспектори од Агенцијата за храна работат и шест нивни колеги од Санитарниот и здравствен инспекторат. Ва Агенцијата за храна потврдија дека се насобрале неплатени сметки за струја, но не кажаа за која сума се работи. За случајот се изјаснија како за некоја неважна работа, на која не треба да и се даде значење.
-Точно е дека таму има неплатени сметки, но тие во моментот се расчистуваат.Но, прво треба да се види кој колку треба да плати изјави кратко Абудулезел Догани заменик директор на Агенцијата.
Ова значи, дека во моментот Агенцијата и Министертвото за здравство се пресметуваат кој колку пари треба да даде за струјата повторно да биде приклучена во објектот . Но, она на што не одговорија е, како можело да се дозволи Агенција која е по директна ингеренција на владата да остане без струја и тоа цели три недели.
Особено што токму во овој период букна аферата со канцерогеното млеко во регионот. Прашање е како функционирале инспекторите во Битола овој период. Како ги вршеле контролите, каде ги внесувале податоците, како комуницирале со централата во Скопје. Очигледно, оваа владина агенција чија основна работа и е да се грижи за безбедноста на храната, кубури и со пари.
Уште пред десетина дена кога во Стидио на НОВА беше гостин директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, на прашањето дали имаат доволно инспектори низ државата, тој одговори: инспектори имаме, но ни недостасуваат финансиски средства за испитувања.
Од министерството за здравство не добивме одговор дали и кога планираат да си ги платат сметките за струја. Дали успеја да се договорат со Агенцијата кој колку сметки треба да плати? До кога здравствените инспектори ќе седат на работа без струја.
Во битолската болница постојано нема парно греење. Персоналот се жали дека парното се пушта само половина час на сабајле и исто толку навечер. Се смрзнуваат и пациентите и вработените. Како инспекторите во овој случај си ја вршатработата.
И таму се случи смрт на трудница. Го испитаа ли случајот, на кој начин ги внесоа податоците, како им ги пратија во централата на Санитарниот и здравствен инспекторат во Скопје. И она што е многу важно е зошто владата не превзема мерки за да го расчисти случајот и како воопшто можела да дозволи државна институција толку време да остане без струја.