Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скандал: Државна институција работи без струја

0
By Менче Атанасова Точи on March 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Објектот на Агенцијата за храна и ветринарство во Битола цели три недели е без струја дознава НОВА од извори во Агенцијата. ЕВН им ја исклучила струјата поради неплатени сметки, така што инспекторите не само што неможат да си ја вршат работата бидејќи не работат комјутерите, туку таму воопшто нема основни услови за нормално функционирање.  

Во бараката која е сопственост на министертвото за здравство заедно со осумте инспектори од Агенцијата за храна  работат и шест нивни колеги од Санитарниот и здравствен инспекторат. Ва Агенцијата за храна потврдија дека се насобрале неплатени сметки за струја, но не кажаа за која сума се работи. За случајот се изјаснија како за некоја неважна работа, на која не треба да и се даде значење.

-Точно е дека таму има неплатени сметки, но тие во моментот се расчистуваат.Но, прво треба да се види кој  колку треба да плати изјави кратко Абудулезел Догани заменик директор на Агенцијата.

Ова значи, дека во моментот Агенцијата и Министертвото за здравство се пресметуваат кој колку пари треба да даде за струјата повторно да биде приклучена во објектот . Но, она на што не одговорија е,  како  можело да се дозволи Агенција која е по директна ингеренција на владата да остане без струја и тоа цели три недели.  

Особено што токму во овој период  букна аферата со канцерогеното млеко во регионот.  Прашање е како функционирале инспекторите во Битола овој период. Како ги вршеле контролите, каде ги внесувале податоците, како комуницирале со централата во Скопје. Очигледно, оваа владина агенција чија основна работа и е да се грижи за безбедноста на храната, кубури и со пари.

Уште пред десетина дена кога во Стидио на НОВА беше гостин директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, на прашањето дали имаат доволно инспектори низ државата, тој одговори: инспектори имаме, но ни недостасуваат финансиски средства за испитувања.

Од министерството за здравство не добивме одговор дали и кога планираат да си ги платат сметките за струја. Дали успеја да се договорат со Агенцијата кој колку сметки треба да плати? До кога здравствените инспектори ќе седат на работа без струја.

Во битолската болница постојано нема парно греење. Персоналот се жали дека парното се пушта само половина час на сабајле и исто толку навечер. Се смрзнуваат и пациентите и вработените.  Како инспекторите во овој случај си ја вршатработата.

И таму се случи смрт на трудница. Го испитаа ли случајот, на кој начин ги внесоа податоците, како им ги пратија во централата на  Санитарниот и здравствен инспекторат во Скопје. И она што е многу важно е зошто владата не превзема мерки за да го расчисти случајот и како воопшто можела да дозволи државна институција толку време да остане без струја.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.