Бројот на мртвите во нападот на сомалиските терористи врз кенијскиот универзитет ќе се искачи најверојатно на 147, информираат светските медиуми повикувајќи се на извори во кенијската Влада. Паралелно расте и гневот на локалното население поради пропустот на властите да го спречат ова огромно крвопролевање.
Припадниците на терористичката група Ал Шабаб во четвртокот пред зори го нападнаа кампусот на Универзитетот Гариса којшто е 200 километри оддачечен од кенијската граница со Сомалија.
Како што јавуваат медиумите, напаѓачите во првиот налет убивале кого стигнат, а потоа решиле да ги ослободуваат студентите муслимани и се насочиле само кон учениците од христијанска вероисповед за време на опсадата која траела 15 часа. Кенијската полиција извести дека досега петорица се уапсени, за коишто властите се сомневаат дека се поврзани со масакрот.
Покрај убиените има уште околу 80 ранети студенти и вработени во студентскиот дом, а со оглед дека многумина недостасуваат се претпоставува дека билансот на жртвите може да биде повисок.




