Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ:Граѓаните го гледаат погубното сценарио за дестабилизација

0
By Нова ТВ on April 4, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 4, 2015 17:04

После скандалозната прес конференција на Зоран Заев во која што тој објави државна тајна и нанесе штета на безбедносниот систем на Република Македонија, на специјалните единици на МВР и на соработката со пријателска држава, СДСМ очигледно се реши набрзина да спреми прес конференции во Куманово и Прилеп, се со цел граѓаните да заборават каков скандал направи Зоран Заев пред неколку дена во Скопје, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

„Со последните настапи Зоран Заев самиот си призна дека има цел да и наштети на државата, на нејзината безбедност, на безбедносниот систем, на соработката со пријателските служби и капацитетот на нашите единици, изнесувајќи во јавност податоци класифицирани како државна тајна. Граѓаните се полесно и полесно го гледаат погубното сценарио за дестабилизација на државата припремено од Зоран Заев и неколку луѓе од врвот на СДСМ,“велат во ВМРО ДПМНЕ.

„Бирале, бирале, бирале кој да ја држи прес конференцијата во Прилеп, па го избрале еден од најлошите примери на човек кој што, додека 20 000 прилепчани останаа без работа, се збогати во време на транзицискиот мрак и апашката приватизација во Македонија. Сашо Велески учествувал во раскрчмувањето на некогашниот прилепски гигант АД Микрон. Во 2003 година како дел од менаџерскиот тим на АД Микрон, заедно со стечајниот управник ја ликвидираат фирмата и отпуштаат 350 вработени, а стечајниот менаџерски тим си отвори нова фирма Микронтеч со основен влог од 3000 евра. Сашо Велески исто така како дел од УО во АД Микрон и главен договарач во 1993 набавил опрема во вредност од околу неколку стотици илјади германски марки од Англија, преку ФЕСАЛ аранжман, која никогаш не била искористена. Велески од страна на Пирганоски, градоначалник на Прилеп од 2001-2005 е назначен за директор на ново претпријатие-регионална депонија, кое никогаш не профункционира. Да не заборавиме дека во годините кога Прилеп немаше вода и имаше голем проблем со водоснабдувањето за време на владеење на СДСМ, Велески беше член на УО на Студенчица“велат од ВМРО ДПМНЕ.

„Ние и понатаму ќе продолжиме да ја сакаме Република Македонија со дела и ќе продолжиме да работиме за потребите на граѓаните. Народот е свесен кој одработува за туѓи и лични интереси, а кој работи за интересите на граѓаните и за интересите на својата држава“, соопштуваат од владеачката партија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.