Турскиот фудбалски клуб „Фенербахче“ побара прекин на националното фудбалско првенство откако синоќа беше пукано врз нивниот автобус од страна на навивачи на Трабзонспор.
Фенербахче бара да се прекине фудбалското првенство во Турција се додека не се расчисти инцидентот.
„Се додека случајнот не биде разрешен на начин кој ќе ги задоволи јавноста и Фенербахче, сметаме дека фудбалското првенство треба да биде прекинато” – стои во соопштението на клубот.
Вчера нападот се случи по победата на Фенербахче против Ризе, откако тимот патувал од Ризе кон аеродромот во соседниот град Трабзон каде имала авион за Истанбул.
Во инцидентот е ранет возачот кој бил пренесен во болница, додека ниту еден од фудбалерите не бил повреден.
Шоферот на автобусот е во стабилна состојба, пренесуваа денеска турските медиуми.
Гувернерот на Трабзон Абдул Џелил Јоз соопшти дека е покрената истрага и дека напаѓачот ќе биде уапсен.
Инцидентот беше осуден од страна на претседателот Реџеп Таип Ердоган како и останатите фудбалски клубови во земјата.
Во клубот на Фенербахче играат некои од најголемите турски фудбалери од типот на Емре Белозоглу, Волкан Демирел, и интернационалци од Бразил, Нигерија, Холандија и Португалија, од типот на Раул Меирелеш, Пиер Вебо, Дирк Кајт, Диего, Мусо Со.




