Published: Sunday, April 5, 2015 17:00
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис денес ќе се сретне со директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард во Вашингтон.
Посетата на Варуфакис е поврзанa со истекувањето на 9 април краен рок во кој Атина треба да плати 460 милиони евра за надворешниот долг. Лагард и Варуфакис ќе одржат неформален разговор за грчката програма за реформи, од која зависи доделувањето на нова финансиска помош од страна на Фондот.
Т
оа сепак нема да биде единствената средба на Варуфакис на високо ниво. Тој ќе разговара и со заменик-министерот за финансии на САД Натан Шитс, како и со советникот на американскиот претседател Барак Обама за меѓународните економски прашања и националната безбедност на САД Каролин Аткинсон.




