НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дробњак: Северна Македонија може повторно да го фати чекорот за ЕУ со работата на реформската агенда

0
By Marija Todorovska on April 22, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија може повторно да го фати чекорот така што ќе започне со работата на реформската агенда. Агендата 2030 на ЕУ е активна, а перспективата за членство на земјата во ЕУ е вистинска, исполнива и изводлива, кажа на денешната дебата на тема „Реформите како заедничка одговорност: Градење консензус за пристапување на Северна Македонија во ЕУ“ Владимир Дробњак, поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со ЕУ и експерт на УНОПС.

Меѓународниот поредок се менува и нивото на несигурност значително се зголеми. Некој може да каже дека во моментов глобалните институции имаат и мултилатералните системи се разградуваат и незнаеме како ќе изгледа иднината. Меѓутоа ЕУ останува на овој стратешки пат и овој стратешки момент силна и релевантна многу повеќе од кога било за да понуди и сила, меѓутоа и заштита во исто време. И ова е она што за Северна Македонија е најважното нешто и најважната точка. Имајќи предвид дека ја имаме оваа несигурност на времињата во кои што живееме, сите треба да сфатат дека националниот интерес најдобро служи на целта кога европските решенија функционираат, а центарот на гравитацијата на Северна Македонија не е Скопје туку Брисел и Вашингтон, рече Дробњак.

Според него, никој не може да нагласи доволно колку е важно членството на Северна Македонија во НАТО а исто така и во ЕУ. Проширувањето на ЕУ се случува во една многу сложена средина во која влијае војната во Украина, но и новата американска политика на претседателот Трамп. Тој при тоа ситуацијата со проширувањето ја одбележа со три клучни збопра – перспектива, празнина, но и кондиционалност и бројката 2030

Оцени дека граѓаните на државата треба да знаат дека перспективата за членство на земјата во ЕУ е вистинска, исполнива и изводлива, што произлегува од документите на ЕУ. Празнината или јазот, пак, се однесува на недоволната социо-економска конвергенција меѓу земјите од  ЕУ и ЗБ, за чие забрзано надминување треба да помогне Планот за раст и усвоената реформска агенда – нови инструменти конкретно и специфично направени за да го намалат овој јаз.

Зборот условеност, додава тој се однесува на повеќекратните услови кои треба земјата да ги исполни за да стане членка на ЕУ. Тој укажа дека државава не е единствена која се соочила со проблеми на својот европски пат и укажа на хрватското искуство од преговорите за пристапување со ЕУ – соработка со Хашкиот трибунал, проблемот со поморската граница со Италија и целиот пакет на погранични прашања со Словенија.

Бројката 2030, рече Дробњак покажува дека ЕУ останува спремна за проширување односно дека претстои големо проширување до 2030 година, но и дека на Унијата и претстои работа на внатрешни реформи и на повеќегодишната финансиска рамка за 2028 – 20234 година. За Северна Македонија, нагласи дека во отсуство на формален почеток на пристапните преговори Реформската агенда е најважната алатка која ја има на располагање која може да ја искористи.

Осврнувајќи се на успехот на Хрватска , Дробњак рече дека тој се должи на тоа што имаше добар моментум ЕУ беше пподготвена да ја прифати Хравтска во еден процес заснован на заслуги, и пред се на постигнатиот национален консензус во Парламентот и во јавноста и на добриот преговарачки тим којшто остана непроменет уште од самиот почеток па се до крајот на процесот.

Ние се радуваме на новото проширување после речиси 10 години. 2030 година е веднаш зад аголот, не е многу далеку, има огромна работа која треба да се заври Северна Македонија може повторно да го фати чекорот така што ќе започне со работата на реформската агенда која што веќе е на нејзиниот пат за спроведување и мислам дека одите во добра насока. Оваа година е круцијална за ова и е многу важно не само дека сите овие реформи да ги комуницирате затоа што од нив имате полза. Хрватска на крајот од овој процес беше многу подобра земја
Целата политичка, академска и деловна заедница и елита заедно со целата земја се вклучени во ова. Одтаму е многу важно сето ова да се комуницира и да се вклучат сите капацитети во општеството и сите експерти, порача Дробњак. 

дробњак ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.