Published: Sunday, April 5, 2015 20:02
Владата на Кенија соопшти дека Мохамед Мохамуд, исто така познат по псевдонимите Дулиадин и Гамадере, е организатор на терористичкиот напад во кенискиот Универзитет во четвртокот, според твитот на Министерството за внатрешни работи на земјата.
Ал-Шабааб, милитантна група поврзана со Ал Каеда, со седиште во Сомалија, ја презеде одговорноста за нападот, според американската амбасада во Најроби.
Мохамуд се смета дека има голема терористичка мрежа во Кенија, се вели во документот на Министерството, даден за Си-Ен-Ен.
Претходно, Министерството испрати информација дека има потрага по Мохамуд, во врска со нападот. Тоа нуди награда од 20 милиони кениски шилинзи, што е околу $ 215,000.




