Published: Monday, April 6, 2015 11:56
Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, соопшти дека грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис и потврдил дека Владата неделава ќе изврши отплата на долгот.
Варуфакис вчера се сретна со Лагард и со претставници на ММФ во Вашингтон, каде што рекол дека неговата земја се согласува на “сите обврски кон сите свои доверители“.
На 9.април Грција треба да изврши отплата од 450 милиони евра. Државата сè уште чека одобрување на серијата реформи што ги претстави за да се одмрзне новата помош од 7.2 милијарди евра.




