Како одговор на минатонеделните напади од исламистичката група Ал Шабаб, кениските сили бомбардирале во неделата два нивни логора за обука на територијата на соседна Сомалија.
Ал Шабаб минатата недела изврши масакар врз студентскиот кампус во Гариса, при што убија 148 луѓе, претежно христијани.
Авионите ги бомбардирале камповите за обука во Гондодове и Исмаил во регионот Гедо, кој граничи со Кенија.
„Ги гаѓавме тие две области, бидејќи според податоците кои ги имаме Ал Шабаб оттаму доаѓаа и ја напаѓаат Кенија“, вели еден соговорник за Reuters.
Кенија се обидува да го спречи доаѓањето на нејзина територија на радикалите од Ал Шабаб и дотокот на оружје преку нејзината 700 километри долга граница со Сомалија.
Милитантите на Ал Шабаб, од април 2013 година во нападите во Кенија убија повеќе од 400 луѓе.




