Загреб: 17 тони нафта се излеаја денес во Јадранското Море кај хрватскиот остров Хвар откако пукна цевка на резервоар за нафта во сопственост на хрватската нафтена компанија Ина, објавија хрватските медиуми.
Полициската управа на општина Сплит-Далмација денеска во 9:30 часот по локално време добила информација за загадување со нафта во морето во близина на четвртиот по големина хрватски остров Хвар, објави локалното издание „Слободна Далмација“.
Според соопштение од полицијата, од резервоар на компанијата „Ина“ се излеале 17 тони нафта.
Полициски и крајбрежни стражарски екипи, пожарникари и вработени на пристаништата се обидуваат да ги ограничат последиците од излевањето.