Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Правдата ќе стигне кога ќе изгори Шупата на Злото

0
By Zoran Ivanov on April 27, 2025 ИЗБОР
Бранко Тричковски
Бранко Тричковски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 27, 2025 14:05

И така, драги пријатели, додека катастрофата граби напред, делот од нацијата за кој мислев дека е се уште нормален- морализира. И реагира на дневните надразби. Павловиот рефлекс му е перфектен. Можеби мисли дека со тие пикадо стрелички ќе го убие слонот на власта? Не знам. Тие ја обвинуваат власта дека не се снаоѓа најдобро итн. А јас мислам дека власта се снаоѓа феноменално и дека тој што не се снаоѓа добро се морализаторите кои се уште не се изедени.

Бранко Тричковски

Секоја болка предизвикува бес.

Што власта и медиумите се трудат да го убијат.

Во замена, на менито нудат две јадења: забава со народни песни, ора и афери и омраза кон клетите душмани.

И коски за кучињата во форма на идиотски прашања за визата и парите на Филипче.

Или на Заев.

Бесот го претворат во депресија, а депресијата во очај како заклучок што луѓето го извлекуваат од историјата на болката.

Тоа се вика убиство на чувствата и смислата, на моралот и човечноста, со предумисла.

Односот кон луѓето во болка тоа многу убедливо го илустрира.

Кон родителите на децата што изгореа во кочанската шупа.

Пораката е дека не се важни жртвите и болката на нивните родители, туку контролата на бесот и инаугурацијата на власта како главен орвелски критериум и контролор.

Тоа е дел од концептот за уништување на општеството како заедница која не може да постои без лигаментите на солидарноста, моралот, сочувствствителноста, единствениот однос кон злото.

Главната идеја е да се десубјективизираат Македонците.

Да се претворат во комитска маса.

Тие се главните жртви.

Да се убие нормалноста во нив.

Самите на себе да си станат неподносливи.

И да го проколнат денот или времето кога се родени како нација со државотворни и меѓународни амбиции.

И општиот хаос, со убиства, несреќи, пожари, еколошки катастрофи, испаѓањето од европскиот проект и од светската цивилизација, што дресираните Македонци го поздравуваат, е ослободен за да се расее меѓу луѓето таа несигурност и стравот од испразнетиот вредносен простор како единствено дозволени чувства.

И така, драги пријатели, додека катастрофата граби напред, делот од нацијата за кој мислев дека е се уште нормален- морализира.

И реагира на дневните надразби.

Павловиот рефлекс му е перфектен.

Можеби мисли дека со тие пикадо стрелички ќе го убие слонот на власта?

Не знам.

Тие ја обвинуваат власта дека не се снаоѓа најдобро итн.

А јас мислам дека власта се снаоѓа феноменално и дека тој што не се снаоѓа добро се морализаторите кои се уште не се изедени.

Кога ќе ја откриеме вистината за успехот на власта кој се остварува преку катастрофирање на се што почнува на буквата М, можеби ќе биде можен некаков пресврт.

Во секој случај тоа е првиот и главен предизвик.

Мораме да го умреме папата на класичниот македонизам, светите букви, да им се помочам на светоста и на буквите и нашата конклава што допрва ќе треба да ја собереме, да избере нов вредносен водач на македонската идеја.

Има само една правда за жртвите во изгрената шупа во Кочани.

И за сите наши досегашни и идни жртви.

Да изгори шупата на злото.

Да му се помолиме на Господ за таа мала услуга.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

Бранко Тричковски злото колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.